17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ го надмина сопствениот рекорд

ЕЦБ го надмина сопствениот рекорд

bilans 011

Билансот на Европската централна банка (ЕЦБ) повторно ја преминал границата од 3,1 илјади милијарди евра, но овој пат банката забележа рекорд.

Институцијата со седиште во Франкфурт го надмина сопствениот рекорд, постигнат во средината на 2012-та година.

Како резултат на новите неконвенционални монетарни мерки сметководствените биланси на банката се зголемија до близу 3,11 илјади милијарди евра. Тоа е повеќе во споредба со претходниот рекорд поставен во јуни 2012-та година, кога балансот на ЕЦБ го достигна врвот од 3,102 илјади милијарди евра.

Билансот на ЕЦБ од 1999-та година до 17-ти јуни 2016-та година (во милиони евра)

bilans 012

Реално рекордот е поради лансирањето на нови програми за купувања на средства и обезбедување на евтини кредити за банките во еврозоната, со што беше одбележан крајот на минатата недела.

Билансот за последно беше над 3,1 илјади милијарди долари во екот на должничката криза, кога ЕЦБ исто презеде мерки за поддршка на финансискиот сектор.

При отворањето на историската програма за откуп на средства во еврозоната во март 2015-тa година, кога балансот беше дури под 2,3 илјади милијарди евра, претседателот на ЕЦБ Марио Драги даде барање билансот да биде зголемен за околу 1-1,1 илјади милијарди евра. Завршувањето на програмата беше поставен за септември 2016-та година.

Но една година подоцна, во март 2016-та година, Драги го зголеми обемот на месечните купувања на средства и евентуалниот краен рок на квантитативните олеснувања до март 2017-та година. Во овој месец стартуваат новите кругови со евтини кредити за банките во еврозоната.

Затоа очекувањата се дека сметководствениот биланс на ЕЦБ ќе продолжи да расте.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП