20 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција со нов потег го стимулира растот

Турција со нов потег го стимулира растот

turska-li-lirata-turcija

Централната банка на Турција ја намали маргиналната стапка за прекуноќни позајмици за 50 базни поени.

Банката на Турција со овој потег се надева дека дополнително ќе го стимулира економскиот раст во светло на пад на инфлацијата.

Маргиналната стапка за прекуноќни позајмици е намалена на 9,0 од 9,5, додека каматната стапка на еднонеделните репо операции е задржана на 7,5 проценти, се наведува во соопштението на банката, пренесува агенцијата Франс прес.

Меѓубанкарската каматна стапка, според која банките една на друга си позајмуваат средства, е оставена на 7,25 проценти, се додава во соопштението.

Ова е трето намалување на една од клучните каматни стапки откако новиот гувернер Мурат Четинкаја во април стапи на таа функција, наведува АФП, додавајќи дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во повеќе наврати вршел притисок на ценатралната банка да ги намали каматите поради стимулирање на економскиот раст.

Турската економија во првиот квартал од тековната година пораснала за силни 4,8 проценти, со што се продолжени добрите перформанси од 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП