27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропа е заштитена од деривативна криза во стилот на Lehman Brothers

Европа е заштитена од деривативна криза во стилот на Lehman Brothers

EU (1) zemjite 35

Европа конечно ја стигна САД, што се однесува до заштитата на трговијата со деривати, пишува „Bloomberg“.

На САД и требаа четири години, а пак на Европската унија (ЕУ) и беа потребни речиси седум години. Сега најголемите трејдери на каматни свопови во 28-члениот блок од вторник треба да ги насочуваат своите зделки во клириншки куќи – трета страна, која гарантира дека договорот нема да пропадне, ако другата страна во трансакцијата банкротира.

Откако банкрот на „Lehman Brothers Holdings Inc.“ во 2008-ма година се закани дека ќе повлече други инвестициски банки, веќе следната година Г-20 ги натера американските и европските регулатори да ја направат побезбедна трговијата со деривати. Според лидерите, банките треба да ги прават своите зделки преку клириншки куќи, за да ги заштитат договорните старани од загуби во случај на евентуален банкрот на банките.

„LCH“ – расчистувањето од „London Stock Exchange Group Plc“, и „CME Group Inc.“ тие ќе бидат најпрофитабилните. Двете компании веќе се одговорни за голем дел од расчистувањето и склучениот пазар на деривативни трансакции во ЕУ.

Големите компании сега ќе треба да се пренасочат кон клириншки куќи, користејќи четири од најчестите видови каматни свопови – т.н. обични договори, базични свопови, термински каматни договори и „овернајт“ каматни свопови.

ЕУ ќе ги прошири правилата, за да го покрие остатокот од пазарот во следните две и пол години. Помалите банки и хеџ фондовите ќе треба да ги пренасочуваат своите зделки преку клириншки куќи од 21-ви декември. Секој друг вид финансиски посредник треба да почне да го прави тоа до 21-ви јуни 2017-та година. Компаниите ќе имаат време до 21-ви декември 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП