27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЕнио Мориконе со албум ќе ја одбележи 60-годишнината од својата кариера

Енио Мориконе со албум ќе ја одбележи 60-годишнината од својата кариера

enio-mar

Славниот италијански композитор Енио Мориконе, особено познат по неговата филмска музика, потпишал голем договор со издавачката куќа „Decca Records“ со којашто на 7-ми октомври ќе го издаде новиот албум под едноставен наслов „Morricone 60“ со кој ќе ги одбележи 60-те години од својата кариера.

Албумот ќе се појави пред 88-от роденден на Енио Мориконе, а станува збор за компилација на најголемите хитови, коишто ги одбрал самиот автор. Албумот ќе донесе пресек на неговата целокупна кариера, почнувајќи со шпагети-вестернот „Добриот, лошиот и грдиот“ (The Good, the Bad and the Ugly), до последните теми за филмот на Квентин Тарантино „Осумтемина намразени“ (The Hateful Eight).

„По успехот на ’Осумтемина намразени“, со радост се враќам во ’Decca Records’ со сопствен договор. Станува збор за извонреден момент во 60-те години професионална кариера“, рекол Мориконе, пренесе магазинот Uncut.

„Диригирањето на сопствените композиции и соработката со чешките симфоничари беа прекрасни искуства. Квалитетот на нивните изведби на моите дела е навистина врвен“, додал славниот композитор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП