17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрадење на мирољубива култура за хармонизација во балканските држави

Градење на мирољубива култура за хармонизација во балканските држави

мир-мир-кул

Развојот на мирољубивата култура е она што може да придонесе за хармонизацијата на односите помеѓу балканските држави и народи, е пораката од првиот македонски мировен форум, кој во организација на јужнокорејската невладина организација „Небеска култура, светски мир“, (HWPL) се одржа во вторникот во Скопје.

Говорниците на форумот, кои се воедно и членови на македонскиот Комитет за заложби за мир, воспоставен од страна на HWPL, се согласија дека градењето на мирољубивата култура треба да претставува приоритет за едно општество како она во Македонија, каде постојат бројни проблеми и предизвици кои секогаш може да доведат до потенцијални конфликти. Декларацијата за мир и ставање крај на војните, документ подготвен од HWPL и претседателот на организацијата Ман Хи Ли, претставува еден моќен инструмент којшто може да придонесе за решавањето на конфликтите кои подолго време постојат во овој регион.

„Она што оваа Декларација прави како исчекор во однос на она што досега го имаме видено е тоа што се залага за менување на системот и осовременување на ОН, а тоа е конфликтите што настануваат и што секогаш ќе ги има, светските односно проблеми и конфликти, да не се решаваат само помеѓу двете супер сили односно туку одлучувачко влијание да имаат и помалите држави, особено засегнатите држави од некој конкретен конфлкт.Во опкружувањето се уште имаме предизвици кои можат да доведат до внатрешни, но и до надворешни конфликти“, смета Милка Ристова, долгогодишен судија во Врховниот суд на Република Македонија.

Според Ристова, во македонското општество постојат многу причини кои можат да предизвикаат конфликти, а едни од нив се и се поголемите социјални разлики и проблеми.

„Социјалните разлики и проблеми што ги имаме со масовното осиромашување на населението и формирањето на една мала елита на богати луѓе е потенцијална причина за внатрешен конфликт. Многу треба да се работи на тоа да се изгради мирољубива култура и култура на толерантен разговор, способност за сите отворени прашања да се разговара на мирољубив пат, за да не дојде до конфликти, а за таа цел, односно мирно решавање на конфликти се залага и оваа Декларација. Постојат многу конвенции и извори на право но се уште не постои важен механизам за имплементација на тие одлуки, Македонија има и конкретно искуство во врска со тоа, односно имаме пресуда на Меѓународен суд во врска со интеграцијата во НАТО поради спорот со јужниот сосед, но нема механизам за извршување на оваа одлука, така што оваа Декларација се заложува не само за решавање, туку и за да ги усоврши механизмите на имплементацијата на одлуките“, вели Ристова.

Според Слаѓана Тасева, извршен директор на Транспарентност Македонија, постојат многу документи кои ги сочинуваат меѓународното право, но она што недостасува се механизми за нивната имплементација, а Декларацијата за мир и ставање крај на војните нуди токму вакви механизми.

„Покрај оваа Декларација постојат и уште многу меѓународни документи и стандарди кои ја уредуваат оваа материја и за чие имплементирање треба да се инсистира, односно да се имплементира тоа што е прифатено и потпишано и така ќе се постигне следниот чекор за постигнувањето на мир и хармонија во светот. Треба да развиваме култура на мирот. Целосната слика за Балканот како дел од Европа покажува дека тој дел се уште не е стабилен, имаме транзиција која трае 26 години, имавме период на војни, ние помининавме мирно но имавме друг тип на внатрешни судири кои предизвикаа меѓуетнички конфликти и судири, а ова се уште го држи Балканот нестабилен. Истата ситуација е и во другите држави на Балканот кои се уште премногу долго се реформираат и сето тоа нас како целина, Балканот и Македонија, прави однадвор да изгледаме како нешто нереформирано и нестабилно, и важиме како потенцијален предизвикувач на безбедносни кризи. Во Декларацијата има одредби кои се однесуваат на граници, потоа на правото на самоопределување, односно одредби кои силно не засегаат и ако почнеме да се залагаме за спроведување на оваа Декларација, поради тоа што се релавантни за нас како држава и регион, со тоа ќе придонесеме з а градењето на културата на мирот на Балканот, во Европа и во светот и тука нашите пријатели од Јужна Кореја ни понудија една извонредна можност“, порача Тасева.

Транзицијата и турбуленциите низ коишто помина Македонија во последните 25 години не треба да се препрепка за фокусирањето кон иднината и промовирањето на мирот, додаде пак претставничката на Регионалното женско лоби, Ирина Поцкова.

„Се сложуваме дека 25 години живееме во тешка и болна транзиција, со многу невработеност, конфликти , жртви, и многу негативни ефекти во општественото живеење, знаеме низ какви се турбуленции помина Македонија. Минатото го знаеме и не можеме да го промениме, но можеме да ја изградиме иднината онака како што сакаме и со промовирањето на мирот и на градењето на европските вредности, демократијат аи владеењето на правото. Сето ова може да се постигне доколку сите заедно се заложиме за тоа“, рече Поцкова.

Претседателката на Националниот совет за родова рамноправност, Савка Тодоровска, пак, смета дека поголемата улога на жените во градењето на мирот може да придонесе за многу побрзо решавање на сите конфликти и проблеми.

„Лично преку сум убедена дека градењето на мирот преку жените ќе резултира со ставање крај на војните и многу побрзо решавање на сите разлики, без разлика на тоа кои се причините за конфликтите. Во животот доаѓаат разлините потреби и интереси кои создаваат конфликти но овие конфликти секогаш можат да бидат решени во интерес на заедниците и граѓаните, без оглед на тоа од која перспектива доаѓаат, за да нема војни. Што повеќе луѓе ќе се вклучат во оваа страна на поддржувачи на мирот, толку повеќе тие конфликти ќе бидат решени на мирен начин“, порача Тодоровска.

Инспирацијата, пак, којашто доаѓа од страна на претставниците на Меѓународната младинска група за мир (IPYG), дел од HWPL, во поглед на заложбите за мир е нешто што треба да се искористи од страна на македонската младина за да се постигне оваа цел, смета Маја Сталевска, претседател на Младинскиот центар за еднакви можности.

„Претставниците на Интернационалната младинска група за мир не воодушевија со нивната посветеност кон мирот и сфативме дека доколку нешто се сака, тогаш ништо не може да ја спречи неговата реализација. Нивната посветеност е неверојатна, таа инспирира и верувам дека ќе вроди со успех“, рече Сталеска.

Првиот македонски мировен форум, пак, е само дел од активностите на јужнокорејската организација HWPL на Балканот, која минатата недела во Љубљана одржа дебата во чиј фокус беа значењето на Декларацијата за мир и ставње крај на војните и влијанието на овој документ во помирувањето на балканските земји и нации. Документот досега во светски рамки, односно во повеќе од 157 земји собра над половина милион потписи, а се очекува до крајот на годината оваа бројка да порасне до два милиона, по што очекувањата се таа да биде презентирана и пред Обединетите нации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП