3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстрија ја обвинува Велика Британија за офшор банкарство

Австрија ја обвинува Велика Британија за офшор банкарство

ofshore

Австрија ја обвинува Велика Британија за нејзиното офшор банкарство, со чија помош неколку локации во разни делови од светот се претворени во „рајски места“ за перење пари и за даночни измами.

Во авторски текст во виенски „Курир“, австриската министерка за финансии Марија Фектер ги отфрли притисоците од ЕУ и посебно од Германија, за да го измени домашното банкарско законодавство за тајност на банкарските депозити и влогови, посочувајќи го како многу поштетен британскиот пример на офшор банкарство на островите во каналот Ламанш, во близината на брегот на Франција, но и на разни локации по светот, сите британски прекуморски територии.

Министерката Фектер тврди дека под капата на британското банкарско законодавство постојат низа „рајски места“ не само на островите во Каналот, туку и во Гибралтар, на Кајманските Острови во реонот на Карибите или на Девствените Острови во Пацификот. Сите тие се „жешки места“ за перење на пари и за одбегнување плаќање данок или други даночни измами, вели Фектер, забалешувајќи дека Велика Британија е остров кој го благословува таквото однесување.

Според австриската министерка британското офшор банкарство е како и кипарското финансиско работење, кое сега под притисок на заканата од банкрот на Кипар ќе мора целосно да се менува. Тоа треба да се направи и со британското офшор банкарство насекаде низ светот.

Пред денешниот состанок на министрите за финансии на земјите од еврозоната во Даблин, австриската министерка Марија Фектер изјави дека ќе се бори „како лав“ против барањата и протисоците на ЕУ Австрија да го смени законот кој гарантира тајност на влоговите.

Велика Британија веќе најави дека ќе му стави крај на банкарството во островите во Ламанш, кое се користеше за данични измами, но засега нема најави дека тоа ќе се однесува и за другите вакви „рајски места“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП