9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДен на Мајкрософт посветен на НВО секторот „Tech4Good“

Ден на Мајкрософт посветен на НВО секторот „Tech4Good“

metamorf

Во вторникот на просторот на Скопски саем се одржа настанот „Tech4Good“ или Денот на Мајкрософт посветен на НВО секторот, организиран од страна на Фондацијата Метаморфозис со поддршка на софтверската корпорација Мајкрософт.

Овој настан им овозможи на претставниците на граѓанскиот сектор да дознаат повеќе за можноста да добијат софтверски донации од програмата на Microsoft за поддршка на граѓанскиот сектор, која ја спроведува Метаморфозис, преку платформата Теchsoup Balkans.

„Нашата амбиција како Мајкрософт е преку нашите производи да ја поттикнеме продуктивноста, соработката, споделувањето на идеи и креативноста, кои се неопходни во нивното работење. Оffice 365 и Office 2016 се дизајнирани да им овозможат да луѓето да се фокусираат на прогресот, не на процесот, на заедничкото работење, споделување на ресурси во било кое време на било кој уред. Ние во Мајкрософт од секогаш сме ја препознавале важноста на работата на непрофитните организации и верувавме дека може да им помогнеме со тоа што ќе има ја ставиме на располагање нашата најнова технологија. Така, во рамки на нашите програми за општествена одговорност ја креиравме иницијативата Technology for good за да придонесеме кон решавање на комплексните социјални и општествени проблеми. Микрософт е горд што има можност да соработува и поддржува повеќе од 86.000 непрофитни организации ширум светот вклучувајќи ја и Македонија, на кои им овозможува технологии кои што им се потребни да работат со локалните заедници“, рече Влора Адеми, менаџер за академските програми на Мicrosoft.

Според извршниот директор на Фондацијата Метаморфозис, Бардил Јашари, ваквиот вид на настани се организираат веќе трета година по ред во Македонија и се дел на континуираните напори за градење на капацитетите на граѓанските организации, со цел тие да станат поефикасни, подобри и поактивни во исполнување на нивните мисии.

„Метаморфозис го помага градењето на капацитетите на НВО преку ширење знаење со помош на обуки и менторства, обезбедување пристап до знаења преку издавачка дејност, а и преку обезбедување пристап до различни софтверски решенија – како што се во овој случај технологиите на Мајкрософт. Конкретно, Метаморфозис овозможува софтверски донации преку платформата Techsoup Balkans. Со поддршката на Мајкрософт, Метаморфозис на НВОта од Македонија, Косово и Албанија им нуди можности за добивање легален софтвер во форма на донации. Како дел од платформата, Метаморфозис овозможува и директни консултации за граѓанските организации во рамки на отворените денови (секој втор петок), како и на индивидуално барање, со цел што повеќе организации од Македонија да имаат прилика да ги искористат можностите за донации“, појасни Јашари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП