28 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАОстварен висок промет на првиот ден тргување со РМДЕН15

Остварен висок промет на првиот ден тргување со РМДЕН15

mk berza 999

Денес почна тргувањето со обврзницата за денационализација од петнаесеттата емсија (РМДЕН15).

Основни карактеристики на оваа емисија се дека е издадена во дематеријализирана форма, гласи на име и е неограничено пренослива, издавач е Република Македонија во вкупен износ од 12.000.000 евра со номинална вредност од 1,00 евро, каматна стапка е 2 отсто годишно, а рок на достасување на обврзниците 01.06.2026 година.

Конкретно се истргуваа вкупно 1.666.700 лотови преку 139 трансакции по просечна цена од 92,50 отсто од номиналната вредност. Вкупната вредност на прометот со РМДЕН15 изнесуваше 95,1 милион денари.

Слично како тргувањето со обврзниците, зголемен обем на промет имаше и со акциите на МСЕ, поточно 7,5 милиони денари преку 37 трансакции е билансот во вторничното тргување.

Добитник на денот беше акцијата на Прилепска пиварница каде се „свртеа” 123 лотови по цена од 29.999,99 денари по акција при што вредноста на PPIV порасна за 5,26 отсто.

На спротивната страна се најде акцијата на Тетекс Тетово, каде со 55 лотови цената падна за 4,29 проценти и во моментов изнесува 602,00 денари за акција.

Индексот МБИ10 ја намали својата вредност за 0,21 отсто (1.726,46), додека ОМБ порасна за 0,49 отсто (126,35).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП