30 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови 20.000 вработувања со „Борбата за работни места продолжува“

Нови 20.000 вработувања со „Борбата за работни места продолжува“

vrabotuva makedonija33

Со втората фаза од проектот „Македонија вработува“, што ќе почне кон крајов на месецов или почетокот на другиот, Владата очекува нови 15 до 20 илјади нови вработувања.

Проектот под мотото „Борбата за работни места продолжува“, ќе биде овозможен со измени на законите за вработување и осигурување во случај на невработеност, за пензиско и инвалидско осигурување и за здравствено осигурување, кои биле усвоени на денешната владина седница.

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски на прес­конференција вo Владата рече дека со спроведувањето на проектот во текот на една година и очекуваните 15 до 20 илјади работни места значително ќе се придонесе за дополнително намалување на невработеноста, развој на домашните компании и генерално за економски прогрес на државата.

Според Пешевски, „Македонија вработува“ се покажал како најуспешен проект за намалување на невработеноста. За една година од неговото спроведување во над десет илјади компании се вработени 19 илјади лица од различни категории кои подолг временски период бараа работа. Таа бројка, нагласи Пешевски, одговара со отворање на 12 компании со по 1.600 нови работни места, по една во секој месец од спроведувањето на проектот.

„За време на спроведувањето на проектот од првиот квартал лани до првиот квартал годинава невработеноста е намалена за 2,8 проценти, а токму проектот „Македонија вработува“ е главниот двигател на намалување на невработеноста и отворање нови работни места“, рече Пешевски.

Со предложените законски измени, што наскоро треба да ги разгледа Економско социјалниот совет и Собранието на РМ, се предвидува ослободување од плаќање придонеси и давачки за работодавачите кои ќе вработат лица поделени во пет категории.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на прославата на 26-годишнината од партијата,  објави дека со „Македонија вработува 2“ предвидено е да се опфатат пет категории лица и тоа невработени млади до 35 години, услов е тој да биде невработен најмалку 3 месеци,  а работодавачот три години ќе биде ослободен од давачки кон државата и треба да го задржи лицето уште една година на работа. Со новиот прект акцент с естава и на лицата невработени кои се во поодминати години.

Во втората категорија влегуваат невработени на возраст од 35 до 50 години. Потребно е тие да немаат повеќе од 5 годишно работно искуство. За нив работодавачот ќе биде ослободен од плаќање на придонеси 5 години а должни се шестата да плаќаат давачки и да ги задржат на работа. Третата категоија се однесува на лица над 50 години, кои три месеци се без работа. За нив фирмите нема да плаќаат придонеси 5 години.

Четвртата категорија се невработени лица над 58 години, категорија на лица која многу тешко наоѓа работа на пазарот на труд, за нивното вработување работодавачот ќе биде ослободен од плаќање на придонеси до остварување на правото на старосна пензија на вработениот. Невработено лице треба да е на возраст над 58 години и кое во последните две години пред вработувањето согласно со мерката немало засновано работен однос.

Петтата категорија, невработени лица со социјален ризик(лица со инвалидност, родители на деца со пречки во развојот, самохрани родители,родител во  еднородителски семејства каде што се развеле родителите и децата останале со еден од родителите, родители на три и повеќе деца, како и поранешни професионални војници) и други категории, при што работодавачот ќе биде ослободен од плаќање на придонеси во времетраење од 5 години, односно 60 месеци.Потребно е лицата три месеци пред вработување со мерката да немале заснован работен однос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП