20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на индустриските производи пониски на месечно, повисоки на годишно ниво

Цените на индустриските производи пониски на месечно, повисоки на годишно ниво

industrija-indeks

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0,4 отсто на месечно ниво, а се повисоки за 1,1 отсто на годишно ниво, соопшти Државниот завод за статистика.

Во март 2013, во споредба со февруари 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 1,2 отсто, во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 0,6 отсто, во групата Енергија за 0,5 отсто и во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,2 отсто.

Во март 2013, во споредба со март 2012, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 5,4 отсто и во групата  Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,8 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП