3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДомашен спреј против комарци: Овие досадни инсекти повеќе нема да ви се...

Домашен спреј против комарци: Овие досадни инсекти повеќе нема да ви се приближат!

ulje-lavande-1387461696-22370

Доколку непрестано прeстојувате во природа каде што има многу комарци, повторјувате ја постапката на секои два часа и ќе бидете мирни…

Со високите температури задолжително ни пристигнуваат и здодевните комарци, а најмногу ги има покрај вода – омиленото место за летниот одмор!

Но, ако добро се информирате за тоа што можете да направите за овие инсекти да не ве вознемируваат, и ако го подготвите овој одличен домашен препарат, проблемот ќе биде решен.

Имено, комарците сакаат темни и силни бои, па ако сакате да ги одбиете носете светла и пастелна гардероба. Исто така, привлечни им се луѓето кои се занимаваат со спорт, бидејќи нивното тело е потопло и повеќе се поти, а нив ги привлекуваат токму соединенијата кои се излачуваат низ капките пот. Поради тоа, вежбањето во природа покрај вода и не е толку добра идеја.

Стоечките води се нивно омилено престојувалиште, обожуваат и домашни миленици, но она што никако не го сакаат се миризливите етерични масла.

kampovanje-profimedia-1466183162-90338

Затоа, подгответе домашен спреј според следниот рецепт и ќе бидете заштитени од ситните штетници во текот на целото летување!

Во шишенце со распрскувач ставете 10 – 15 мл од омиленото етерично масло (пожелно е лаванда или рузмарин или чаевец), а остатокот наполнете го со алкохол. Добро измешајте и испрскајте на облеката.

Доколку престојувате во природа каде што има многу комарци, повторувајте ја постапката на секои два часа и ќе бидете мирни.

Маслото од чиста лаванда можете да го користите и одделно – нанесете го на кожата зад увото, под вратот, зад колената и лактите – таму каде што мирисите најдолго се задржуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП