18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ќе ги продолжи санкциите против Русија за уште половина година

ЕУ ќе ги продолжи санкциите против Русија за уште половина година

rus-eu

Европските амбасадори постигнале согласност за продолжување на економските санкции против Русија за период од уште шест месеци, пренесува AFP.

Извори за агенцијата велат дека амбасадорите на 28-те земји-членки на ЕУ принципиелно ја поддржале одлуката што сега треба да добие официјално одобрување од министрите за надворешни работи на ЕУ, а се очекува ова најверојатно да се случи во петок.

Санкциите кон Москва сега се врзани со целосното имплементирање на Договорот од Минск во февруари 2015-та година и примирјето помеѓу Украина, Русија и проруските сепаратисти во источна Украина.

Економските санкции беа воведени од страна на ЕУ кон Русија летото 2014-та година, како одговор тврдењата на САД дека сепаратистите во источна Украина се под директни руски наредби, нешто што потоа беше негирано од официјален Кремљ.

Последните неколку недели во самата ЕУ се појавија повици за повторно обмислување на санкциите кон Русија, односно шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер изјави дека Унија треба да ги реструктурира казните со што ќе ги поттикне Русија и Украина да го имплементираат договорот од Минск и дека „санкциите би можеле чекор по чекор да се ублажат“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП