18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ усвои нови прописи против избегнувањето на даноци

ЕУ усвои нови прописи против избегнувањето на даноци

еу-даноци

ЕУ денес усвои нови регулативи со цел посилна борба против избегнувањето на даноците.

„Денешниот договор им задава тежок удар на оние кои се вклучени во корпоративното избегнување на даноци. Предолго одредени компании можеа да ја користат неускладеноста на даночните системи меѓу членките, со што го избегнуваа плаќањето на даноци од неколку милијарди евра“, изјави европскиот комесар за економски и монетарни прашања, Пјер Московиси.

Во извештајот изнесен пред Европскиот парламент се наведува, според претпоставките, дека слични даночни избегнувања ЕУ ја чинеле 70 милијарди евра годишно.

Меѓу усвоените регулативи се и новите овластувања за оданочување на профитот кој корпорациите, чие седиште е во ЕУ, го префрлуваат во државите со помали или без даночни стапки, а во кои немаат деловни активности.

Со регулативите минатата недела се согласија и министрите за финансии на ЕУ.

Белгија и Чешка побараа повремена суспензија на договорот, но подоцна ги повлекоа своите противења.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП