30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоларот расте кон јенот поради намалувањето на ризикот од Brexit

Доларот расте кон јенот поради намалувањето на ризикот од Brexit

dolari 3030

Американската валута зајакна во вторникот во однос на јапонската, благодарејќи на намалените стравувања од можното истапување на Велика Британија од Европската унија по референдумот во четврток.

На средината од тргувањето во вторникот, доларот зајакна во однос на јенот на 104,33 јени од 103,94 јени за долар колку што чинеше на затворањето на тргувањето во понеделникот.

Американската валута, истовремено, ослабе во однос на европската, па со еврото во вторникот напладне се тргуваше за 1,1340 долари, наспроти 1,1312 долари од понеделникот.

Индексот на американската валута кој го изразува односот на доларот во однос на кошницата од шест најважни валути, од земјите најголеми трговски партнери на САД, се намали за 0,15 отсто, до 93,51 поени.

Ваквите колебања изминатите денови на меѓународните финансиски пазари се последица од исчекувањето на исходот од референдумот на кој ќе се одлучува дали Велика Британија ќе остане или ќе истапи од Европската унија, закажан за 23-ти јуни.

Според истражувањето на Survation, 45 отсто од испитаниците го поддржуваат зачувувањето на британското членство во ЕУ, додека 42 отсто се изјасниле во полза на напуштањето на 28-члениот блок.

Податоците, пак, на YouGov, покажуваат дека е речиси незначителна разликата во поддршката за двата табора, имено 44 отсто се за останување во ЕУ, а 43 проценти се за излегување. Податоците на сајтот Betfair покажуваат дека бројот на приврзаниците на продолжувањето на членството се зголемило на 78 отсто, од 60 проценти колку што изнесувало една седмица претходно.

Во ваква атмосфера, вложувачите се одлучуваат да се вратат на инвестирањата во средствата кои се сметаат за поризични и безбедно да се ослободат од оние кои се сметаа за побезбедни во несигурните времиња, како што е јапонскиот јен, швајцарскиот франк, златото итн.

„Од она што го гледаме на пазарот, е тргувањето во сенката на излегувањето, при што забележуваме остри промени по објавувањето на последните анкети“, вели за Reuters Џозеф Тревизани, главени валутен стратег во „Worldwide Markets“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП