29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи

Раст на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи

zelenchuk-sweden

Вредноста на вкупниот откуп и продажба на земјоделски производи во февруари годинава изнесува 1.852.908 илјади денари и бележи пораст за 31,2 отсто во споредба со февруари лани, објави Државниот завод за статистика.

Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е намалена за 3,7 отсто, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е зголемена за 110 отсто.

Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува речиси кај сите земјоделски производи освен кај индустриските растенија, добитокот и млекото каде што вредноста на вкупниот откуп и продажбата опаѓа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП