8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија е во инвестициски циклус во патната и железничката инфраструктура

Македонија е во инвестициски циклус во патната и железничката инфраструктура

zeleznichka

Македонија влезе во еден инвестициски циклус во патната и железничката инфраструктура, со изградбата на дел од Коридорот 10 и Коридотот 8, истакна министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, кој престојува во дводневна работна посета во Ротердам, Холандија, на министерскиот состанок посветен на Транспортните Европски Коридори.

На состанокот на кој присуствуваат министрите за транспорт од земјите на Западен Балкан, се разговара за главната мрежа на Европски транспортни коридори во рамките на ЕУ и нејзино продолжување во земјите од Западен Балкан. Целта е во ЕУ, а исто така и во регионот на Западен Балкан, оваа основна мрежа да биде изградена до 2030 година со т.н “Тен-стандарди”.

Министерот Владо Мисјловски ги претстави инфраструктурните проекти што ги реализира Владата на Република Македонија за развој на Коридорот 8 и 10 како и унапредувањето на поврзаноста со регионот и земјите од Европската Унија, притоа потенцирајки дека за доиградба на овие коридори потребни се средства во висина од 1,7 милијарди евра.

„Македонија влезе во еден инвестициски циклус во патната и железничката инфраструктура. Моментално на Коридорот 10 активно се работи на автопатот Демир Капија –Смоквица и очекуваме автопатот да биде готов во првата половина нa 2017 година. Во меѓувреме се работи и на изградба на автопатот Кичево – Охрид и овој автопат очекуваме да заврши во 2018 година, истакна министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски”.

Во делот на железничката инфраструктура на Коридорот 8, министерот Мисајловски ги претстави проектите за изградба пругата кон Бугарија осврнувајќи се на акцискиот план за изградба на пругата до 2023 година.

„За нас многу значен проект е изградбата на новата пруга кон Албанија. Со изградбата на оваа пруга и таа кон Бугарија, Република Македонија ќе добие железничко поврзување кон Исток и кон Запад, важен сегмент за регионалното поврзување. Затоа е многу важно Европската Комисија да ја препознае потребата за реализација на овој проект и да не подржи преку негово финансирање, се обрати пред присутните министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.“

На министерскиот состанок покрај министрите за транспорт на Македонија, Црна Гора, Албанија, Косово, Србија, БиХ и Бугарија, присуствуваше и Комесарката за транспорт на Европската Комисија, Виолета Булц.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП