22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦентралната банка на Кина: Економијата се уште е под притисок

Централната банка на Кина: Економијата се уште е под притисок

A man walks past the headquarters of the People's Bank of China, the country's central bank, in Beijing, China, January 19, 2016.  REUTERS/Kim Kyung-Hoon

Кинеската економија се уште е поставена под релативно голем притисок во насока надолу, соопштува „Ројтерс“, повикувајќи се на годишниот извештај на Централната банка на Кина за 2015-та година.

Во извештајот регулаторот наведува дека ќе ја задржи разумна монетарната политика, така што ветува дека ќе го контролира строго индустрискиот капацитет.

Во исто време банката изразува надеж дека земјата ќе успее да го задржи економскиот раст во разумни граници.

Според извештајот кој ги содржи економските перспективи пред Кина, Централната банка очекува благо забрзување на инфлацијата. Прогнозата за ценовното ниво останува несигурна поради зголемените цени на становите и нестабилноста на цените на земјоделските производи, посочуваат од регулаторот.

Политичарите во земјата се принудени да се справуваат со поларизиран пазар на домување поради огромната побарувачка во големите градови и незначителната продажба во помалите градови.

Во поголемите градови, како Шангај, Шенжен и Нанџинг локалните власти ги засилија од март правилата за купување на станови, за да ги зауздаат шпекулациите и да го совладаат покачувањето на цените.

Како резултат на мерките за продажба на недвижности во Кина, тоа продолжи да се зголемува во текот на првите пет месеци од годината, но со побавно темпо.

Приходите од продажбата на станови се зголемија за 53,4% во однос на една година порано до 3,18 илјади милијарди јуани (482,5 милијарди долари) во периодот меѓу јануари и мај, покажуваат податоците на Националната статистичка служба. За споредба, во првите четири месеци од оваа година продажбата забележаа раст од 61,4%.

Од своја страна, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) порано изјави дека краткорочните економски перспективи пред Кина се засилуваат благодарение на поддршка на политиките, но предупреди дека среднорочните перспективи стануваат несигурни поради брзиот пораст на кредитите, вишокот капацитет и ризиците во финансискиот сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП