7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија нема да интервенира на девизниот пазар без потребното внимание

Јапонија нема да интервенира на девизниот пазар без потребното внимание

yen3344

Јапонската влада нема да интервенира за да го „заузда“ поскапувањето на јенот, без неопходното внимание за тоа. Тоа го посочи министерот за финансии Таро Асо, цитиран од „Bloomberg“.

Според него пазарите веќе го оцениле потенцијалниот ефект од евентуален „Brexit“ што го слабее темпото на пораст на курсот на јапонскиот јен.

„Што се однесува до интервенција на девизниот пазар – ние нема да ја направиме малку. Г-7 и Г-20 се согласија дека нагли движења не се пожелни, а ние се целиме кон стабилноста. Ние ќе дејствуваме во склад со договорот“, коментира тој за време на прес-конференција во Токио.

Коментарите на Асо доаѓаат во момент во кој јенот поскапе со над 5% во однос на доларот во јуни, откако глобалните пазари ја чекаат разврската од британскиот референдум закажан за 23-ти јуни.

Гласањето и ефектите од него за глобалната економија ја стимулираат побарувачката на јенот како засолниште.

Министерот за финансии рече дека пазарот веќе до одреден степен го пресмета „Brexit“ со што го ограничија притисокот за поскапување на јенот.

Минатата недела Асо ги најави стравувањата во врска со еднострани, големи и шпекулативни движења на девизниот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП