1 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ прави пресметки: Следат овие 3 сценарија

ЕУ прави пресметки: Следат овие 3 сценарија

510236495768e31f5a69d739331686_w640

Во рамките на ЕУ се разгледуваат три можни сценарија доколку граѓаните на Велика Британија на претстојниот референдум се одлучат за излез од Унијата.

Министерот за надворешни работи на Шпанија, Хосе Мануел Гарсија Маргалјо, во пресрет на Советот на министри во Луксембург истакна дека најверојатното сценарио подразбира воспоставување на режимот за слободна трговија по пример на Сеопфатниот економски и трговски договор меѓу ЕУ и Канада, со укинување на царината и ограничувањата за 99 проценти на производите кои се предмет на трговија.

Шпанскиот шеф на дипломатијата, како една од можните варијанти, наведе и вклучување на Велика Британија во Европскиот економски простор заедно со Лихтенштајн, Норвешка и Исланд.

Третото сценарио подразбира можност за воспоставување на режим на Европскиот економски простор без оглед на уплатувањето на средства во буџетот на ЕУ, каков што Швајцарија има со Унијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП