20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМосковичи се надева на договор за грчкиот долг до крајот на оваа...

Московичи се надева на договор за грчкиот долг до крајот на оваа година

moskovici 3335

Европскиот комесар за економски прашања, Пјер Московичи се надева дека ќе биде постигнат договор за олеснување на грчкиот долг до крајот на 2016-та година, пренесуваат светските агенции.

На конференција во Берлин, Московичи изрази надеж за постигнување на заеднички договор, врз основа на што ќе се одлучи суштинското реструктуирање на грчкиот долг.

Атина треба да добие на почетокот на оваа недела нови европски кредити благодарение на апликацијата на потребните реформи во рамките на новата тригодишна спасувачка програма, одобрена во текот на летото на 2015-та година.

Земјата, притисната од огромен државен долг, што е еднакво на 180% од нејзиниот бруто домашен производ (БДП), одамна инсистира за гест од страна на доверителите и за намалување на должничката тежина. За таков гест инсистира и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кој го става тоа како цврст услов за да се приклучи на спасувачката програма.

Германија сепак е особено заинтересирана за ова прашање и сака одложување до истекот на сегашната програма во 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП