13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕјрол: Санкциите за Русија ќе бидат продолжени за уште шест месеци

Ејрол: Санкциите за Русија ќе бидат продолжени за уште шест месеци

ејрол

Европските економски санкции против Русија ќе бидат продолжени за уште шест месеци, бидејќи изостанува напредок на истокот од Украина, изјави во понеделникот францускиот министер за надворешни работи Жан-Марк Ејрол.

Шефот на француската дипломатија, меѓутоа, ги повика европските челници на самитот на Европската унија следната седмица да го разгледаат спроведувањето на мировниот договор од Минск и можните опции доколку на украинскиот рускојазичен исток има „вистински, конкретен, значителен напредок“.

„Мислам дека би било полезно кога би можеле на сите да им упатиме некакви сигнали на охрабрување“, изјави Жан-Марк Ејрол по состанокот со неговите европски колеги во Луксембург.

Европската унија воведе санкции против Русија, најмногу под притисокот на САД, во јули 2014 година откако црноморскиот полуостров Крим, на кој доминантно е руското и рускојазичното население, преку референдум ја врати укинатата во 1990-те години автономијата и се присоедини на Руската Федерација, што Западот го смета за нелегално руско анектирање на украинска територија.

„Без оглед на симпатиите коишто ги чувствуваме кон рускиот народ и Русија, мораме да бидеме јасни:… договорите од Минск мора да бидат спроведени и почитувани“, рече Ејрол.

„Денеска, кога ви се обраќам …. условите за укинување на санкциите не постојат. Санкциите ќе бидат продолжени за шест месеци“, рече францускиот дипломат.

Санкциите истекуваат кон крајот на јули. Формалната одлука за нивното продолжување треба да биде донесена на состанокот на европските дипломати во петок, иако има знаци дека некои земји не се расположени за продолжување на рестрикциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП