28 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈААнемичен почеток на трговската недела на Македонска берза

Анемичен почеток на трговската недела на Македонска берза

mk berza kke

Вкупниот промет на Македонската берза за хартии од вредност во понеделникот изнесуваше речиси 2,5 милиони денари, реализиран преку 16 транскации.

Се тргуваше со вкупно осум хартии од вредност од кои три ја зголемија вредноста, четири ја намалија, а една хартија остана без промена на вредноста.

Денот го одбележа блок трансакција со акцијата на Тајмиште Кичево каде 972 лота се истргуваа по цена од 1.550,00 денари.

Индексот МБИ10 порасна за 0,13 отсто и моментално изнесува 1.730,06 индексни поени, додека индексот ОМБ остана непроменет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП