6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ100 авиони од Boing за Иран

100 авиони од Boing за Иран

17744436285767caece3345466458384_w640

Иран потпиша договор со американскиот производител на авиони „Boeing“ за купување на 100 авиони.

Двете страни сега чекаат одобрување од американското Mинистерство за финансии, изјави челник на иранската агенција за цивилно воздухопловство, а објавија иранските државни медиуми.

„Од 250 (патнички) авиони во Иран, 230 треба да се заменат“, изјави Али Абедзадех додавајќи дека е потпишан договорот со „Boing“ за купување на сто авиони.

Засега „Boeing“ доби дозвола само да ги презентира своите производи на воздухопловната компанија „Iran Air“ и некои други компании додека се обидува да го достигне европскиот „Airbus“, кој претходно оваа година склопи пред-договор со „Iran Air“ за продажба на 118 авиони во износ од 27 милијарди долари.

Абедзадех изјави дека не знае кога точно ќе биде финализиран договорот, се додека американското Министерство за финансии не издаде дозвола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП