29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕТајни на руската медицина: Ова сеуште не сте го слушнале за сокот...

Тајни на руската медицина: Ова сеуште не сте го слушнале за сокот од домати, рен, калинка, грозје…

сокови-сок

Лековите на современата медицина во повеќето случаеви се „унапредени“ со природните лекови кои се користат уште многу одамна.

Дали во доматите се крие лекот за болестите на срцето, колку сокот од рен помага при надуеност, може ли гастритисот да се излекува…

Сок од домати

Свежиот сок од овој зеленчук ја стимулира работата на срцето, спречува создавање на камен во бубрегот и мочните канали. Се подготвува едноставно. Доволен е еден до два домати да ги ставите во блендер и добиената смеса да ја помешате со обична вода. Промешајте и испијте.

Сок од рен

Оваа билка содржи силни етерични масла, па препорачливо е да се подготвува и консумира со сок од лимон.

150 гр изблендиран рен измешајте со сок од еден лимон. Консумирајте двапати на ден по една кафена лажица.

Сок од калинка

Овој напиток го зајакнува организмот, а одличен е за варењето и работата на панкреасот. Се користи и при слабокрвност.

Исчистената калинка изблендирајте ја и пијте по три чаши дневно, во тек на два до четири месеци.

Сок од грејпфрут

Помага при висок крвен притисок, работата на црниот дроб и варењето

Навечер пред спиење испијте по половина чаша од овој сок. Се прави едноставно – во соковник или во блендер. Добар е за поттикнување на апетитот.

Сок од грозје

Се користи за искашлување и за предизвикување на потење, а помага и при костоболка.

Еден килограм грозје (црно и бело) добро измиени, изблендирајте ги и додадете половина литар вода и консумирајте го три пати дневно.

Сок од диња

Оваа билка содржи доста шеќер, па дијабетичарите треба внимателно да ја користат. Инаку е мелем за нервниот систем. Дињата исчистете ја и исецкајте ја на коцки и ставете ја во блндер. Блендирајте и додадете половина литар вода. Консумирајте наутро по една чаша на празен стомак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП