20 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЏуди Денч по вторпат во улогата на кралицата Викторија

Џуди Денч по вторпат во улогата на кралицата Викторија

денц

Добитничката на Оскар, Џуди Денч, ќе ја толкува улогата на кралицата Викторија во новиот проект на режисерот Стивен Фрирс, филм кој почива на книгата на Шрабани Басу со наслов „Victoria & Abdul: The True Story of the Queen’s Closet Confidan“.

Станува збор за вистинска приказна за неочекуваното пријателство меѓу кралицата и млад чиновник кој допатувал од Индија за да присуствува на Златниот јубилеј. Како што тие се зближуваат, кралицата почнува да ги менува своите погледи на светот. Тој станува замена за нејзиниот верен и близок придружни Џон Браун.

Пријателството меѓу кралицата Викторија и шкотскиот горштак Џон Браун беше екранизирано во 1997 година во драмата „Госпоѓа Браун“, а за улогата на кралицата Викторија во овој филм Џуди Денч беше номинирана за Оскар.

Инаку најновиот филм на Фрирс е комедијата „Florence Foster Jenkins“, во кој настапува Мерил Стрип во улогата на жена до богатите кругови која има пејачки амбиции.

Денч, пак, ќе игра во долго одложуваната романтична сторија „Tulip Fever“, во којашто глумат и Алишиа Викандер и Кристоф Валц, како и во фантастично авантуристичкиот филм „Домот на госпоѓицата Перегрим за чудни деца“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП