14 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДименото месо - солено и опасно

Дименото месо – солено и опасно

19300938135766a406b836d270969831_v4 big

Пршутата, димената шунка, сланината, колбасите и другите месни производи го зголемуваат ризикот од појава на карцином на желудникот.

Зачестеното консумирање на пршутата, димената шунка, сланината, колбасите и другите месни преработки го загрозуваат здравјето, тврди групата на научници од Институтот за истражување на рак во Шведска. Скандинавските експерти, имено, открија дека наведените сувомеснати производи го зголемуваат ризикот од појава на карцином на желудникот.

До овој, како што велат, недвосмислен заклучок, дошле после четириесетгодишно истражување, во кое учествувале 4,704 лица.

„Никој досега така детално не ја истражувал поврзаноста на дименото месо со ракот на желудникот. Анализите покажаа дека секојдневното консумирањее на димени месни преработки го зголемува ризикот за појава на рак на желудникот од 15 до дури 38 проценти“.

Преработките се доста солени, димени и имаат голема количина на нитрати. Таа комбинација е очигледно виновникот за зголемениот ризик за појава на карцином на желудникот, четврто по зачестеност заболување, истакна Сузана Ларсон , член на истражувачкиот тим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП