6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗемјотресите и поскапиот јен „удрија“ на јапонскиот извоз во мај

Земјотресите и поскапиот јен „удрија“ на јапонскиот извоз во мај

zemja japan22

Во мај извозот на Јапонија опаѓа со најбрзото темпо по четири месеци по пад во синџирот на снабдувањето поради земјотресот во Кумамото и бавниот раст на економиите во развој. Податоците предвидуваат мрачни комерцијални перспективи за тековното тримесечје, пишува „Ројтерс“.

Во петтиот месец од 2016-та година извозот се намали со 11,3% на годишна основа, покажуваат најновите податоци на Министерството за финансии на Јапонија. Средна оценка на аналитичарите беше за годишно намалување од 10,4% по намалувањето од 10,1% во април.

Во следните месеци извозот може и да се зголеми, бидејќи побарувачката од странство покажува знаци за стабилизирање, но премиерот Шинзо Абе останува под притисок да покаже поддршка за растот, откако постојаното поскапување на јенот го загрозува извозот и корпоративните профити.

Падот во мај се должи на помалото снабдување на челик, полупроводници и електронски делови, покажуваат податоците.

Серија земјотреси го погодија јужниот индустриски центар на Кумамото во средината на април, уништувајќи куќи и предизвикувајќи одрони. Производството на електроника и делови за автомобили во овој регион беше стопирано. Голем број на компании успеаја да го обноват производството брзо, но тоа одзема време на некои фабрики да се вратат на својот целосен производствен капацитет.

Извозот кон Кина – најголем трговски партнер на Јапонија – се намали за 14,9% во мај, додека за САД намалувањето е од 10,7% на годишна основа.

Извоз за Азија, која сочинува повеќе од половина од продажбата на Јапонија зад граница, се намалува за 13% годишно, додека во Европската унија има пад од 4 отсто.

Истовремено од почетокот на годината јапонскиот јен поскапе за околу 15% во однос на доларот во позадина на очекувањата за повисоки камати во САД и побарувачката на валутата како засолниште.

Ако валутата на Јапонија продолжи да поскапува, тоа може да ги намали приходите и добивката на извозниците, што може да ги обесхрабри компаниите да ги зголемуваат платите и инвестициските трошоци. Поскапиот јен исто така ги комплицира обидите на Јапонската централна банка да ја зголеми инфлацијата, бидејќи највисокиот девизен курс ги намалува трошоците за увоз на стоки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП