20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрифинг за конкурсот за обука на пилоти

Брифинг за конкурсот за обука на пилоти

obuka-piloti

Центарот за обука на пилоти во соработка со Министерството за одбрана во понеделник, со почеток во 11 часот во Домот на АРМ во Скопје организира брифинг за конкурс за обука на пилоти.

Центарот за обука на пилоти е наменет за селекција и обука на пилоти за потребите на АРМ, и е концепиран по примерот и стандардите на воздухопловната академија на Израелското воено воздухопловство.

Селекцијата на кандидати за пилоти се состои од низа на тестирања и проверки кои кандидатите треба да ги поминат пред да отпочнат со летачките активности.

Првенствено се врши проверка на здравствената и физичката подготвеност по што следуваат компјутерските тестирања и вежби, специјално прилагодени за професијата пилот, за на крај способноста на кандидатот да се потврди во 10 летови на авионот ZLIN-242L.

Кандидатите кои успешно ќе ги завршат сите селективни тестови се здобиваат со статус на кадети и отпочнуваат со школувањето за воен пилот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП