3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа подобрување на работата со младите иницијатива за адаптација на киното во...

За подобрување на работата со младите иницијатива за адаптација на киното во населба Ченто

kino-cento

Советот на млади на скопската Општина Гази Баба ќе ја покрене иницијативата за адаптирање на киното во населба Ченто како резултат на истражувањето за потребите на младите во оваа општина.

Иницијативата е резултат на планирањето преку обуката „за застапување и лобирање“ која се одржа во текот на викендот во Струга во организација на Коалиција на младински организации СЕГА, како дел од програмата за поддшка на работата на Советите на Млади во Македонија.

„Советите на Млади во општините се првите претставнички тела во општините во Македонија кои ја имаат можноста да го пренесет гласот на младите пред избраните советници. Наша задача е да го поддржиме нивнот фаункциорање до фаза во која ќе бидат способни да покренуваат прашања од интерес на локалните млади кои избраните локлани советници ќе ги решаваат“, рече Зоран Илиески, извршен директор на Коалиција СЕГА.

Основна цел на проектот, e да се зајакнат капацитетите на членовите на Советот на Млади од општина Гази Баба како би се оспособиле подобро да ги претставуваат интересите на младите пред Советот и Градоначалникот на Општинa Гази Баба. Во рамки на оваа поддршка беше и обуката за Застапување и Лобирање преку која челновите на Советот на Млади учеа за техниките и методите на застапување за младинките потреби и работеа на утврдување на проблемите на младите од оваа општина за кои ќе се застапуваат да бидат решени во нареднниот период.

„Оваа обука беше корисна за сите нас, на истата направивме план за покренување на иницијатива пред советот на Општина Гази Баба за реновирање на киното во населба Ченто кое што сакаме да биде адаптирано во читална и библиотека каде младите ќе можат мирно да учат и да се подготвуваат за своите испити“, смета Емилија Крстевска, по потпретседател на Совет на млади на Општина Гази Баба.

Оваа обука се реализира како дел од активностите на проектот „Jакнење на капацитетите на Советот на млади на општина Гази Бабаба“ кој Коалиција СЕГА го спроведува со поддршка на Општина Гази Баба.

Коалицијата на младински организации СЕГА е формирана во 2004 година со цел да придонесе кон процесот на креирање и имплементација на Националната стратегија за млади на Македонија и да помогне во исполнување на потребите на младите. Коалицијата ја сочинуваат 26 членки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП