6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Албанија живеат и работат 20 илјади Италијанци

Во Албанија живеат и работат 20 илјади Италијанци

alb-tirana-albanija

Албанскиот премиер Еди Рама изјави во неделата дека најзначаен трговски партнер на Албанија е Италија, што според него го потврдува фактот дека во земјата работат неколку илјади италијански компании и речиси дваесет илјади Италијанци.

Рама на средбата со претставници на Италјанските компании во Албанија рече дека во земјата егзистираат повеќе од 2.600 италјански фирми или се фирми основани со албанско-италјански капитал.

Податоците говорат, нагласи албанскиот премиер, дека во Албанија моментално живеат над 20 илјади Италјанци кои работаат во Албанија. Но според него, можно е таа бројка да е и поголема.

Статистичките податоци говорат дека во периодот меѓу 2013 и 2015 година, бројот на туристите од Италија кои летуваат во Албанија е зголемен за дури 40 отсто.

Рама, исто така, на средбата најави дека поради големиот број работодавачи од Италија во Албанија, деновиве се очекува да биде регистрирано и првото Италјанско бизнис здружение во Албанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП