Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека нема непријателство кон ЕУ и е подготвен за обновување на односите меѓу Москва и Брисел, пренесе „Reuters“.
Изразувајќи се во денот, во кој ЕУ ги продолжи санкциите спрема Русија поради Крим, Путин рече дека тие имаат малку влијание и дека руската економија се опоравува. Тој не изрази надеж дека Русија или ЕУ ќе ги ублажат своите санкции.
„Немаме непријателство и сме подготвени да се сретнеме со нашите Европски партнери врз основа на компромис. Тоа не може да биде еднострана игра“, изјави Путин и истакна дека Русија ја либерализира инвестиционата клима.
„Русија ги издржува економските тешкотии успешно и се справи со повеќето проблеми, во блиска иднина ќе се потпираме на обновување на економскиот раст“, смета тој.
Претседателот на Русија коментира дека членството на Велика Британија во Европската унија е работа само на ЕУ и на самата Британија.
„Имам сопствено мислење по повод прашањето, убаво или не, но ќе се воздржи од него, затоа што мислам дека сега ќе е некоректно да се зборува“, изјави Путин.
„Тоа е работа на Европската унија и работа на народот на Велика Британија“, додаде рускиот претседател.
„Не е воопшто пристојно да се меша Русија во секој проблем, дури и во таков на кој немаме апсолутно никаква врска“, истакна Путин, коментирајќи ги извештаите дека Русија би била среќна од излегувањето на Велика Британија од границите на ЕУ.