19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗбогум Руси: Полјаците станaa гасна сила

Збогум Руси: Полјаците станaa гасна сила

polska gas 22

Полска ја прими првата комерцијална испорака на течен природен гас (TPG) од Блискиот исток на својот терминал во Балтичкото море.

Со тоа, земјата го направи првиот чекор кон намалување на зависноста од рускиот гас и започна да прераснува во регионален дистрибутер.

Полска сега околу 40 проценти од вкупните потреби за гас ги подмирува со увоз од Русија, една третина обезбедува од домашни извори, а 20 отсто од централна Азија.

Терминалот во градот Свиноујшче има почетен годишен капацитет од пет милијарди кубни метри гас, кои наскоро би можеле да бидат зголемени на 7,5 милијарди кубни метри, што е неверојатни педесет проценти од вкупната потрошувачка на гас на Полска.

Објектот кој го носи името на покојниот претседател Лех Качински, кој загина во 2010-та година во несреќа во Русија, чинеше 720 милиони евра.

Tој терминал претставува клучен дел од планот кој Варшава го нарекува „Северна капија“ или „Северен коридор“, a со кој е предвидено Полска да ја превземе водечката улога на дистрибутер на „TPG“ ширум централна Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП