2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMubadala сака да копа шкрилци во Русија

Mubadala сака да копа шкрилци во Русија

мубадала

Државната инвестициска компанија од OAE, „Mubadala“ е заинтересирана за проектите за експлоатација на нафта од шкрилци во Русија, но и за соработка со Gazprom Neft.

Тоа го изјави рускиот министер за природни ресурси и животна средина, Сергеј Донској.

„Тие се заинтересирани за проекти за експлоатација на нафта од шкрилци“, изјави Донској на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, додавајќи дека оваа државна инвестициска компанија изразила и заинтересираност за соработка со Gazprom Neft, пренесува руската агенција Тас.

„Mubadala“ е основана во 2002 година, и всушност претставува државен фонд на Обединетите Арапски Емирати, кој има за цел стратешко инвестирање во различните индустрии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП