30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропа се подготвува за секој можен исход од Брегзит

Европа се подготвува за секој можен исход од Брегзит

европа-британија

Европа настојува да се подготви за секој можен исход од британскиот референдум за членството во Европската унија, изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.

Шојбле по состанокот со европските министри за финансии во Луксембург, изјави дека Европа е добро подготвена за актуелната неизвесност на финансискиот пазар поврзана со Брегзит, пренесува агенцијата Ројтерс.

Неговите коментари следеа откако германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Британија ќе го изгуби привремениот присап до единствениот европски пазар доколку излезе од ЕУ, наведува британската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП