12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБилатерална средба меѓу царинските администрации на Mакедонија и Aлбанија

Билатерална средба меѓу царинските администрации на Mакедонија и Aлбанија

била-била

Во петокот во албанскиот град Поградец, беше одржана билатерална средба меѓу Царинските управи на Македонија и на Албанија.

Состанокот на делегациите предводени од директорите на двете служби се одржа во насока на зајакнување на соработката помеѓу двете земји, воспоставена во рамките на Спогодбата за билатерална соработка меѓу Албанија и Македонија за заемна помош и соработка меѓу царинските органи.

Теми на дискусија на состанокот беа: унапредување на електронската размена на царински податоци со цел спречување на царински измами во двете земји; унапредување на соработката помеѓу царинските службеници на оперативно ниво при вршењето на тековното царинско работење;координирање на активностите меѓу Царините на двете земји во насока на олеснување на трговијата и безбедноста и меѓусебна соработка меѓу Службите при имплементирање на современите компјутерски системи.

Во однос на горенаведените теми беа донесени и повеќе заклучоци кои ќе бидат содржани во Акционен план за размена на податоци за спречување на царински измами.

Претставниците на двете администрации изразија задоволство од досегашната соработка и заинтересираност за организирање на нови активности и размена на искуства што ќе биде од полза за двете страни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП