18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОчекувано Англиската централна банка ги остави каматните стапки без промена

Очекувано Англиската централна банка ги остави каматните стапки без промена

bank of england 335

Англиската централна банка ја остави основната каматна стапка без промена на денешната седница и ги ослободи очекувањата на пазарите. Деветмината членови на Комитетот за монетарна политика гласале едногласно каматната стапка да остане на рекордно ниско ниво од 0,5%.

Банката наведува дека по последниот извештај за инфлацијата од мај немало вести кои ќе ја менуваат нејзината оценка за глобалната економија.

Оттогаш сепак цените на нафтата во фунти се зголемиле за околу 10%. Покрај тоа голем број на финансиски средства станаа чувствителни кон пазарните ставови, особено пред референдумот за членството на Островот во Европската унија на 23-ти јуни.

Банката зборува за девизните пазари и прогнозира дека ако Британците одлучат нивната земја да излезе од Европската унија, фунтата се соочува со дополнително поевтинување, при тоа нагло. Овој развој би бил придружен од динамика во фундаменталните фактори, вклучувајќи влошување кај трговијата, послаба продуктивност, повисока ризична премија.

„Излезот од референдумот продолжува да е најголемиот непосреден ризик пред британските финансиски пазари, а веројатно и пред глобалните финансиски пазари“, пишува во соопштението на банката.

„Иако потрошувачката беше стабилна, има растечки докази дека несигурноста околу референдумот ги одложува големите економски одлуки кои, ако се земе, потоа тешко и скапо би биле променети. Станува збор за трансакции во бизнисот и станбениот имот, купување на автомобили и бизнис инвестиции“, се вели уште во текстот.

Регулаторот нагласува дека прогнозите на банката од месец мај се направени при претпоставка дека Британија остане членка на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП