19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипар бара дополнителна помош од ЕУ

Кипар бара дополнителна помош од ЕУ

kipar2

Претседателот на Кипар Никос Анастасијадис изјави дека од лидерите на Европската унија ќе побара дополнителна помош.

Имено, се испостави дека Никозија ќе мора да поднесе поголем терет отколку што првично се мислеше, со цел да обезбеди кредит за спас.

Анастасијадис наведе дека веќе разговарал со европскиот комесар за економски прашања Оли Рен, пред денешната средба на министрите од еврозоната во Даблин, на која една од темите ќе биде програмата за помош на Кипар.

Кипарскиот претседател напомена дека ќе се обрати и до претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпеј.

„Во писмото за г-дин Баросо и Ромпеј ќе се осврнам на потребата да се промени политиката на ЕУ кон Кипар и да ни биде одобрена дополнителна помош, со оглед на кризното време низ кое поминуваме, како резултат на економските проблеми и тешките мерки кои ни се наметнати“, изјави Анастасијадис пред новинарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП