23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ Швајцарската централна банка се воздржa од промена на каматните стапки

И Швајцарската централна банка се воздржa од промена на каматните стапки

svic banka ee

На денешната седница Швајцарската централна банка ги задржа без промена каматните стапки и го повтори предупредувањето дека франкот е значително преоценeт, соопшти „MarketWatch“.

Централната банка ја задржува депозитната камата на ниво -0,75%, тримесечната меѓубанкарска стапка (Libor) останува во опсег од -0,25% до -1,25%.

Одлуката на банката доаѓа во позадина на обновен притисок во насока на поскапување на франкот, кој се смета за „азил“ валута за време на нестабилност на пазарите. Очекувањата на пазарите за неспокојот е затегнувањето на монетарната политика во САД и несигурноста околу референдумот во Британија, при што се зголемува интересот за швајцарската валута.

„Негативните каматни стапки и желбата на банката да се меша на меѓународните девизни пазари имаат за цел да ги направат инвестициите во франци помалку атрактивни, така што ќе го олеснат притисокот врз валутата“, пишува во соопштението на банката.

„Експанзионистичката монетарна политика цели да ги стабилизира цените и да ја поддржи економската активност. Новите прогнози за инфлацијата покажуваат дека потрошувачките цени ќе растат побрзо во наредните квартали, отколку што банката очекуваше во март“, се вели уште во текстот.

Ова се должи на поскапувањето на цената на нафтата. Овој ефект врз годишната инфлација ќе избледи по првиот квартал на 2017-та година.

Банката очекува негативна инфлација од -0,4% во 2016-та година, што е за 0,4 процентни поени повеќе во споредба со претходната прогноза. Во 2017-та година растот на потрошувачките цени ќе е 0,3 проценти (претходната прогноза беше 0,1%). Очекувањата за инфлацијата во 2018-та година се без промена – 0,9%.

Овие прогнози се направени со претпоставка дека тримесечната меѓубанкарска стапка (Libor) ќе остане во овој опсег.

Централната банка во алпската држава очекува БДП-то да порасне помеѓу 1% и 1,5% во оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП