17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПетти ден пад на Волстрит, Fed внимателен

Петти ден пад на Волстрит, Fed внимателен

wallstreet33399

На Волстрит цените на акциите во средата паднаа петти ден по ред, бидејќи вложувачите стравуваат од последиците на можното излегување на Велика Британија од Европската унија, па не ги охрабри ниту одлуката на американската централна банка Federal Reserve (Fed) дека каматите остануваат непроменети.

Индексот Dow Jones ослабе за 0,20 отсто, на 17.640 поени, додека индексот S&P 500 се лизна за 0,18 проценти, на 2.071 поен, а, пак, Nasdaq индексот падна исто така за 0,18 отсто, на 4.834 индексни поени.

Индексот S&P 500 во последните пет дена падна за 2,2 отсто, а толку долга негативна низа не забележа уште од февруари.

Тоа, во прв ред, е последица на стравувањата на вложувачите дека британското излегување од ЕУ може да наштети на и онака слабиот раст на глобалната економија. Седмица пред референдумот поборниците за излегувањето водат во анкетите, а несигурноста по ова прашање беше и една од причините за претпазливоста на челниците на Fed при одлучувањето на монетарната политика.

„Тоа сигурно е една од несигурностите за кои дискутиравме и која е вградена во денешните одлуки“, изјави Џенет Јелен, претседателката на американската централна банка.

По дводневната седница, челниците на Fed одлучија дека каматните стапки ќе останат непроменети, што и се очекуваше на пазарите, но и ги намалија процените за раст на најголемата светска економија. Сега Fed во оваа и за следната година очекува раст на економијата за 2 отсто, што е за 0,1-проценттен поен помалку отколку што се проценуваше претходно.

И покрај тоа, повеќето функционери на Fed и натаму годинава очекуваат зголемување на каматите во два наврата. Сепак, сигналите упатуваат дека темпото на стегање на монетарната политика би можело да забави. Имено, сега 6 од 17 челници на Fed очекуваат едно зголемување на каматите до крајот на годината, додека пред три месеца тоа го прогнозираше само еден, Покрај тоа, помалку се намалени и процените за растот на каматите до крајот на следната 2017 година.

Наспроти тоа, Јелен не ја отфрли можноста за зголемување на каматните стапки веќе во јули, што значи дека следните седмици ќе продолжат нагаѓањата за тоа кога Fed ќе ја стегне својата монетарна политика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП