7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонската централна банка очекувано ja остави програмата за стимулации без промена

Јапонската централна банка очекувано ja остави програмата за стимулации без промена

cbj 00

Јапонската централна банка очекувано ја остави монетарната политика без промена што нагло ја зголеми вредноста на јенот и предизвика шпекулации за тоа дали економистите ќе интервенираат на девизните пазари, соопшти „CNBC“.

На крајот на својата дводневна седница, централните банкари најавија дека ќе продолжат да спроведуваат операции за зголемување на монетарната база со годишна стапка од 80 илјади милијарди јени (760 милијарди долари) и ќе ја одржуваат негативната депозитна камата од -0,1%.

Иако одлуката на банката беше во голема мера очекувано, јенот поскапе со над 2% во однос на доларот и беше 103,76 јени за долар. Валутата поскапе со над 13,5% во однос на доларот од почетокот на годината, што создава проблеми за компаниите извознички.

„Навистина е интересно кога нема промена во политиката на централната банка, па ги гледаме овие големи пазарни флуктуации. Значи инвестирањето станува тешко за самите инвеститори“, вели Мартин Лакос од „Macquarie“.

Ако пазарните турбуленции продолжат, централната банка може да биде принудена да интервенира, коментира „CNBC“.

„Централните банкари всушност го следат повеќе пазарот на акции, отколку на јенот и ако таа има значително негативно влијание врз пазарите, ризиците од интервенција раст“, вели Митул Котека, директор на единицата за азиска валутна трговија и каматни стратегии во „Barclays“.

Пред објавувањето на одлуката, британската банка „HSBC“ прогнозираше дека недостатокот на промена може да доведе до несакано зајакнување на јенот.

„Според нас колку долго советот чека за да се справи со ризиците пред економијата и цените, толку повеќе на пазарот ќе се сомнева во решителноста на банката да ја постигне својата цел за инфлацијата“, вели Изуми Девалие, економист во „HSBC“.

Централната банка уште еднаш изјави дека економијата продолжува да се опоравува со умерено темпо и посочи на подобрувањето во инвестициите на бизнисот, вработувањето и инвестициите во станбен имот. Регулаторот, сепак, призна дека во последно време се забележува слабост во приватната потрошувачка и индустриското производство. Банката, исто така очекува нулта годишна инфлација.

Како една од причините за недостатокот на активности, самата централна банка го посочува претстојниот референдум за еврочленството на Велика Британија на 23-ти јуни, кој има потенцијал да предизвика турбуленции на пазарите и да го поскапи јенот, бидејќи инвеститорите ќе се насочат кон јапонската валута во нејзиниот квалитет како предност за азил.

Очекувањата кон Јапонската централна банка веќе се за активности на седницата во јули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП