11 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSubaru понуди специјална модификација на BRZ

Subaru понуди специјална модификација на BRZ

brz kupe 90

„Subaru“ подготви специјална верзија на обновеното купе „BRZ“. Таа го добила називот „Subaru BRZ Series.Yellow“ и ќе се нуди само на пазарот во Северна Америка.

Автомобилот е украсен во ексклузивна жолта боја и е опремен со специјално направени за него 17-инчни тркала. Покрај тоа моделот добил и црни ретровизори. На жолта и црна боја се залага и во ентериерот, каде е поставен и нов систем со 6,2-инчен дисплеј.

Во листата на опрема на „Subaru BRZ Series.Yellow “влегува спортски пакет „Performance Package“, вклучувајќи ги сопирачките механизми „Brembo“, амортизерите „Sachs“, модернизираниот систем за контрола на стабилноста и подесена шасија. Автомобилот е опремен уште со задна камера, како и со автоматски клима уред.

brz kupe 91

Засега не се познати техничките карактеристики на возилото. Стандардниот „Subaru BRZ“ е опремен со 2,0-литарски бензински мотор кој развива моќност од 205 КС. Тој е комбиниран со 6-брзински мануелен менувач.

Модификацијата „BRZ Series.Yellow“ ќе започне да се продава само на почетокот на следната година, кога ќе биде позната и нејзината цена. Веќе е познато дека возилото ќе излезе во серија од 300 примероци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП