Трговскиот ден во средата на Македонската берза за хартии од вредност го одбележаа две блок трансакции.
Прва на списокот беше блок трансакцијата со акциите на Комерцијална банка АД Скопје која вчера беше „виновник“ за растот на вкупниот промет на Македонската берза. Имено преку оваа трансакција се изтргуваа 2.500 акции по цена од 2.200 денари, и вкупниот износ на трансакцијата изнесуваше 5.500.000 денари.
Втората блок трансакција беше реализирана со акциите на Млекара Тетово, во износ од 1.000.935 денари, преку 3.835 истргувани акции по цена од 261 денар.
Денес најголем раст на вредноста од 226,09 отсто преку 600 истргувани акции по просечна цена од 3.000 денари забележа акцијата на Бутел Скопје, а по неа се рангираше акцијата на Комерцијална банка АД Скопје со раст од 0,26 проценти, и просечна цена од 2.188,87 денари.
Наспроти нив листата на губитници беше подолга и на неа се најдоа, со најголем пад од (-3,00 отсто) приоритетната акција на Стопанска банка АД Скопје, а по неа следеа акциите на Универзална Инвестициона банка АД Скопје со пад од (-2,94 отсто) и Макпетрол АД Скопје со пад од (-2,10 отсто).
Двата индекси во негатива, индексот МБИ-10 денот го заврши со пад од 0,39 проценти, и изнесуваше 1.739,45 индексни поени, додека, пак, индексот ОМБ заврши на 126,54 индексни поени со пад од 0,13 отсто