20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција ги поддржа меѓународните прогнози за нејзиниот раст

Грција ги поддржа меѓународните прогнози за нејзиниот раст

grcija banka 3093

Централната банка на Грција ги поддржи меѓународните прогнози според кои грчката економија наредната година ќе се врати на патеката на растот.

Банката истовремено ги повика меѓународните кредитори да делуваат брзо на ублажувањето на огромниот товар од долгот на Атина.

Во извештајот, централната банка наведува дека Грција ќе излезе од благата рецесија благодарение на растот од 2,5 проценти во наредната година, што е блиску до проекциите на Европската комисија и Меѓународниот монетарен фонд, кои предвидуваат раст на БДП на Грција од 2,7 проценти, пренесува агенцијата АП.

Централната банка, исто така, препорача низа мерки за ублажување на огромниот долг на Атина, повикувајќи ги кредиторите да ги искористат рекордно ниските каматни стапки во светот со цел да и помогнат на Грција.

Извештајот е објавен ден пред очекуваната исплата на новата транша помош за Грција во износ од 10,3 милијарди евра од спасувачкиот фонд на еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП