26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПретрес во канцелариите на Mossack Fonseca во Женева

Претрес во канцелариите на Mossack Fonseca во Женева

fonseka 333

Обвинителството во Швајцарија изврши претрес во женевската канцеларија на панамската правна компанија „Mossack Fonseca“, пореди протекувањето на информациите кои доведоа до скандалот со т.н. „Панамски документи“.

„Обвинителството ги пребара швајцарските канцеларии на „Mossack Fonseca“, запленети се компјутери и документи“, се вели во соопштението на обвинителството.

Приведен е компјутерски техничар, кој работи во компанијата, посочуваат одредени медиуми, повикувајќи се на информирани извори. Тој е осомничен за изнесување на големи количини на доверливи податоци од канцеларијата.

Уапсениот ги негира сите обвиненија. Тој треба да одговара дали всушност прикривал податоци од страна на работодавачот, пред колку време и од каков карактер.

Обвинителството потврди дека е „отворена истрага по жалба на компанијата „Mossack Fonseca““, но одби да коментира повеќе. Адвокатите на уапсениот, како и претставници на панамската компанија, исто така одбиваат да дадат коментар.

Меѓународниот конзорциум за новинарски истраги, со седиште во Вашингтон, објави на 3-ти април фрагменти од 11,5 милиони документи со податоци за оф-шор сметки на актуелни и поранешни светски лидери, спортисти, уметници и други. Извештаите кои го добија името „панамски документи“, се базираат на истекување на информации од панамската компанија, која дава правна помош при регистрација на компании во офшор зони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП