Јавниот долг на Шпанија порасна во првиот квартал од оваа година на 100,5 проценти од бруто домашниот производ (БДП), соопшти централната банка на Шпанија.
Уделот на јавниот долг во БДП порасна од нивото од 99,2 проценти, колку што изнесуваше на крајот на 2015 година, се вели во соопштението на банката, пренесува агенцијата Франс прес.
Јавниот долг за прв пат за 20 години ја надмина границата од 100 проценти во првиот квартал од 2015 година, достигнувајќи го нивото од 100,2 проценти од БДП.