18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФЕД очекувано не ги промени каматните стапки

ФЕД очекувано не ги промени каматните стапки

fed333555

Федералните резерви (ФЕД) на САД ја остави водечката камата непроменета на ниво од 0.25-0.50 проценти, пренесоа светските агенции.

Во соопштението објавено по завршувањето на дводневната седницата на монетарната политика, ФЕД даде до знаење дека се уште предвидува две зголемувања на референтната каматна стапка во оваа година. Во исто време Централната банка на САД не навести кога може да е следното.

Од ФЕД истакнаа дека има потреба од повеќе јасна слика на економските случувања пред да се пристапи кон зголемување на каматите. Економијата на САД во целина зема замав и покрај последиците од намалениот извоз, но растот на пазарот на трудот е забавена, забележа централната банка на земјата. Инфлацијата освен тоа останува под нејзината цел.

Во декември ФЕД ја зголеми водечката камата од историскиот минимум од 0-0,25 проценти, на кој таа беше од екот на економската криза од 2008-ма година, забележуваат американските медиуми. Тогаш тоа изрази очекувања дека ќе се променат каматните стапки четири пати во текот на оваа година.

Од почетокот на годината, сепак нафтата нагло поевтини, а загриженоста за кинеската економија, втората во светот по САД, се зголемија значително. Се појавија стравувања од нова рецесија и инвеститорите ги испратија берзанските индекси надолу. Како резултат на тоа, ФЕД одлучи да го замрзне зголемувањето на каматите.

Во април сепак имаше очекувања дека американската централна банка ќе ги укине каматните стапки во јуни, посочуваат агенциите. Податоци од мај сепак покажаа дека растот на пазарот на трудот во САД е забавен до најниско ниво од пет години.

Некои економисти сметаат дека е можно едно покачување во јули, ако вработувањето на работна сила во САД го намали темпото и пазарите се смират по референдумот во Британија следната недела за членството на земјата во Европската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП