6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПретседателот Иванов ќе го додели признанието Најдобар млад научник

Претседателот Иванов ќе го додели признанието Најдобар млад научник

najdobar-mlad-nauchnik

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе го додели признанието „Најдобар млад научник” за 2015 година.

Признанието „Најдобар млад научник” за врвни научни достигнувања се доделува по шести пат. Целта на доделувањето на ова признание е да се поттикне развојот на научната и истражувачката мисла, со особен акцент на младите македонски научници до 30-годишна возраст.

За носител на признанието „Најдобар млад научник” за 2014 година беше избран Даниел Денковски, кој работи на полето на електротехниката и информациските технологии. Во 2013 година признанието го доби Петар Стојанов за истражувачка работа во областа на биоинформатиката. Во 2012 година за носител на признанието „Најдобар млад научник” беше избрана Катерина Бачева за истражувачка работа во областа на аналитичката хемија и хемија на животната средина.

За најдобар млад научник во 2011 година беше избран Трифче Сандев за истражувачка работа во полето на физиката и математичката физика, додека носител на признанието за 2010 година беше Никола Златанов за истражувачка работа во полето на безжичните телекомуникации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП