3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоповолни оценките за нарачките во преработувачката индустрија

Поповолни оценките за нарачките во преработувачката индустрија

prerabotuvachkaindustrija5413513

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во мај 2016 година е за 0,1 процентен поен зголемен во однос на претходниот месец, а во однос на мај 2015 година е зголемен за 6,5 процентни поени, објави Државниот завод за статистика.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во мај 2016, во однос на април 2016 година, е малку поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се дека ќе се зголеми, а залихите на готовите производи сe зголемени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во мај 2016 година е малку поповолна во споредба со претходниот месец, а многу поповолна е во однос на мај 2015 година. Оценката за бројот на вработени е дека ќе се зголеми.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во мај 2016 година изнесува 64,3 отсто од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 25,8 отсто, недоволната домашна побарувачка со 16,7 отсто, недостигот на квалификувана работна сила со 14,8 отсто и финансиските проблеми со 8,7 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП