Прометот во индустријата во април годинава во однос на април лани бележи пораст од 15,7 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Според податоците на Заводот, во првиот квартал од годинава забележан е растод 11 насто на прометот во индустријата во однос на истиот период во 2015 година.
По сектори, пак, бројките покажуваат дека прометот во индустријата во секторот рударство и вадење камен во април годинава, во однос на април лани бележи опаѓање од 19,7 отсто, а пораст од 17,3 насто има во секторот преработувачка индустрија.