2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlibaba предвиде 48% раст на годишните приходи

Alibaba предвиде 48% раст на годишните приходи

alibaba nova

Кинескиот концерн за трговија „Alibaba“ очекува 48% раст на приходите за фискалната година што завршува во март.

Директорите на „Alibaba“ сепак намалија друг важен показател- бруто волуменот на стоки, кој често е користен од компанијата и нејзините конкуренти за мерење на растот на електронските трансакции. „Alibaba“ е под истрага во САД поради сметководствените практики, и податоците кои ги обезбедува за бруто волуменот на стоки, па поради тоа се подложени на контрола од страна на инвеститорите.

„Alibaba“ очекува побрз раст на приходите во споредба со претходната фискална година (33 проценти). Иако дел од очекуваното зголемување во оваа година се должи на превземања, приходите без стекнатите компании се очекува да се зголемат за 36%.

Одлуката на „Alibaba“ да ја објави прогнозата за приходи доаѓа во момент во кој компанијата треба да се справи со прашања за своите бизнис перспективи во позадина на забавувањето на економскиот раст на Кина и зголемената конкуренција од страна на играчи како „JD.com“.

Во меѓувреме истрагата за нејзините сметководствени практики од Комисијата за хартии од вредност и берзите на САД додаде нов предизвик пред компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП